Хемофарм Комерц е компанија основана 1992 година со седиште во Струмица и се занимава со увоз и дистрибуција на хигиенски материјали, производи од пластика и стиропор за домаќинство и кетеринг. Главни увозници во Македонија за брендовите: Reckitt Benckiser Грција, Lara Cosmetic Турција, Belopaper Бугарија, Lariplast Грција, Dermomed Италија, Mr. Brown Тајван и Sevinçler Турција.
Одговорности и задачи
- Книговодствена евиденција и обработка на целокупната влезна и излезна документација поврзана со магацинското работење;
- Книговодствена евиденција на повратници од купувачи и усогласување со реалниот поврат на роба;
- Уредно водење и архивирање на материјалната документација;
- Уредно водење и контрола на прометот од фискалниот уред;
- Изработка на извештаи поврзани со магацинското работење.
Потребни квалификации
- ниво на квалификациите V А или ниво на квалификации IV според Македонската рамка на квалификации и стекнати 180 или 240 кредити според ЕЦВЕТ или МКСОО или најмалку вишо или средно образование, економија;
- најмалку 1 (една) година работно искуство во струката;
- уверение за овластен сметководител.
Општи работни компетенции
- финансиско управување;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- способност за работа во тим;
- самоиницијативност, исполнителност и чесност;
- организираност и одговорност.
Посебни работни компетенции
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail: [email protected] со задолжителна назнака “МАТЕРИЈАЛЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ“.
Конкурсот е отворен 10 работни денови од неговото објавување (од 05.10.2021 до 18.10.2021).
Напомена
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака за позицијата на која кандидатот аплицира НЕМА да бидат разгледани!