Во 2020 година потпишавме договор за дистрибуција со Sevinçler Health Products Inc., дел од турскиот холдинг Sevinçler Group.
Холдингот влезе во пазарниот сегмент за хигиенски производи со производство на бебешки пелени во 2010 година. Набргу се донесе одлука за инвестиција во производство на пелени за возрасни, влажни марамици и хигиенски влошки во 2012 година, со што компанијата прерасна во една од најбитните за сегментот. Растот продолжи, така што во 2014 година се направи нова инвестиција во бебешки шампони и од тогаш до денес дополнително го заокружи своето портфолио за да се етаблира како една од компаниите со најширок асортиман за потрошувачите ширум светот, со извоз во преку 80 држави меѓу кои од оваа година е и Македонија.
Сертификати
Погон
Фабриката на Sevinçler Health Products Inc. се протега на површина од 20.000 m2 и започна со производство во 2011 година, со континуиран развој и унапредување во чекор со најсовремените технологии. Годишниот капацитет од 2 милијарди парчиња го овозможуваат брзите подвижни ленти и машини за пакување, како и тимот на експерти за производство.

Бренд: Giggles
Комплетна линија на пелени за бебиња, деца и возрасни.
Погледнете го комплетниот каталог на Sevinçler Health Products Inc. на линкот подолу.